Лазаров ги избра ракометарите со кои ќе го нападне Луксембург (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација вечерва од 19 часот ќе игра против Луксембург на домашен терен во првото коло од квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година.

Македонија за првпат ќе игра без Столе Стоилов, Филип Миркуловски и Кире Лазаров како ракометар, па останува да видиме како ќе се покаже младината.

Лазаров го избра составот за мечот против Луксембург, па во него го нема Дејан Манасков поради повреда, а го нема ниту Мартин Томовски.