Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската ракометна репрезентација успеа да слави со 26-25 против Украина на првиот меч на Европското првенство (ЕП), а херој беше Кире Лазаров, кој постигна гол во последните секунди од натпреварот.
ЕХФ го избра голот на Лазаров како најдобар за вчерашниот ден, а македонскиот капитен беше подобар од конкурентот Валтер Хринц.
Од друга страна, Никола Митревски имаше одличен меч на голот на Македонија, па запиша многу одбрани, а една од нив се најде во топ-5.
Одбраната во последните минути против Украина беше прогласена за втора најдобра на денот на ЕП.