Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Кире Лазаров, селекторот на македонската ракометна репрезентација, ги соопшти имињата на играчите кои ќе настапат на важниот квалификациски натпревар против Естонија, што ќе се одигра денес во Талин.
Средбата, чиј почеток е закажан за 18:00 часот, се оценува како клучна, бидејќи Македонија мора да победи ако сака да остане во битката за квалификација на Европското првенство.
Позицијата во групната табела не овозможува простор за грешки – нашите ракометари имаат потреба од победа против Естонија, а потоа и против Литванија, за да си ги отворат вратите кон посакуваното учество на континенталниот собир.

Фото: Ракометна Федерација на Македонија