Лазаров: Горд сум на момците, но разочаран што не освоивме барем бод!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија го почна ракометното Европско првенство (ЕП) со пораз од Словенија со 25-27, но сепак подмладената репрезентација може да се соочи и со фаворитите.

Селекторот Кире Лазаров кажа дека е горд на младите ракометари кои денеска имаа шанса дури и да победат, но големиот број на технички грешки и недоволното искуство беа пресудни во натпреварот.

„Горд сум на тоа што го прикажаа момците денес. Словенија е репрезентација која има играчи во најдобрите тимови во Европа. Секако дека сум разочаран затоа што мислам дека заслуживме најмалку бод, па и два. Физички ги уморивме и ги надигравме, на крајот како да не верувавме дека можеме да победиме. Се обидов да ги убедам, но не усепав и тоа единствената работа од која сум разочаран. Тоа што треба сега да го направиме е да го заборавиме овој натпревар и да се спремиме за следните два“, кажа Лазаров.