Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот на Македонија, Данило Брестовац на денешната прес-конференција го состави списокот од 20 ракометари пред Европското првенство (ЕП), а на неа зборуваше и капитенот Кире Лазаров.
Македонија ја очекува ниту малку лесна група против Австрија, Чешка и Украина, иако тоа се селекции кои во минатото претрпеле порази од нас, но сепак како што кажа капитенот Лазаров, ќе мора да се внимава во дуелите.
„Мислам дека сме на добар пат и имаме високи цели на ЕП. Имаме квалитет, пет наши ракометари доаѓаат од Бундеслигата, па доволно сме квалитетни да ја поминеме првата група, но ќе мора да внимаваме против секој од противниците. Имам мала предност и против Австрија“, вели Лазаров.