Лазаров ја промовираше својата автобиографија – Секогаш на победа! 📸


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот ракометар и селектор, Кире Лазаров синоќа во хотелот „Александар Палас“ во Скопје ја промовираше неговата автобиографија „Секогаш на победа“.

Во книгата се раскажува за неговиот животен пат и времето минато во Пелистер, Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико, Барселона и Нант.

Лазаров е еден од најдобрите ракометари во историјата, па има постигнато повеќе од 1.000 голови во елитната ракометна Лига на шампиони (ЛШ).

„Сите Македонци знаат многу работи за мене, но во книгата ќе може да прочитате многу работи кои не сте ги знаеле. Имам трема затоа што сум прв македонски спортист кој се реши да напише една автобиографија“, кажа Лазаров.