Лазаров ќе остане во Нант и следната сезона!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Француски „Л’Екип“ објави дека македонскиот селектор и капитен, Кире Лазаров ќе го продолжи договорот со францускиот тим Нант.

Селекторот на Македонија нема намера да се пензионира и ќе стави потпис на едногодишна соработка.

Францускиот медиум објави дека Лазаров сака да игра уште една сезона за да остане во форма и да ѝ помогне на Македонија на Европското првенство во 2022 година.

Лазаров го засили Нант во 2017 година, кога пристигна од екипата на Барселона.