Лазаров најави крај на кариерата: По Нант заминувам во – пензија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонската ракометна легенда Кире Лазаров долго време игра на врвно ниво и притоа беше дел од многу европски гиганти, а сега во моментов настсапува за Нант, кој очигледно ќе биде негов последен клуб во кариерата.

Лазаров во интервју за хрватскиот „Вечерњи лист“ зборуваше за неколку теми, а една беше поврзана со неговиот договор со францускиот клуб.

„Имам уште една година од договорот и тоа ќе ми биде последната сезона во кариерата. Потоа ќе работам како тренер. Можеби за 10 години ќе седнам на клупата на Загреб, кој многу ми даде како ракометар“, кажа Лазаров во интервјуто за хрватскиот медиум.