Лазаров направи една промена пред реваншот со Романија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација го доби првиот меч против Романија со убедливи 30-22 во баражот за пласман на Светското првенство (СП) во 2023 година.

Македонија од 17 часот ќе го игра реваншот во Букурешт против Романија и ќе се обиде да го одбрани водството од осум голови, а ако мине понатаму, тогаш следен противник ќе ни биде Чешка.

Селекторот Кире Лазаров направи една промена за натпреварот, па на местото на Марко Митев ќе заигра десното крило Ненад Костески.

Лазаров за реваншот се реши да игра со Митревски, Томовски, Стоилов, Ц. Кузманоски, Талески, Миркуловски, Н. Маркоски, Кузмановски, Костески, Георгиевски, Ојлески, Младеновиќ, Пешевски, Јагуриновски, Атанасијевиќ.