Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот селектор на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров ги кажа неговите очекувања на првиот собир на ракометарите.
Лазаров има огромно искуство во светскиот ракомет затоа што освои многу трофеи и играше во многу клубови во кариерата, а сега сака да изгради модерна ракометна репрезентација.
„Сакам модерна репрезентација. Нашата публика не може да ја лажеме, ова е ракометна нација. Ги знаеме проблемите во нашата репрезентација. Мора да работиме постепено, а треба и да мислиме на резултатите и да го продолжиме учеството на големите натпреварувања. Со мотие соработници ќе се посветиме целосно на репрезентацијата. Имаме квалитет и кај ракометарите и во стручниот штаб“, кажа Лазаров.