Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот ракометар Кире Лазаров даде интервју за хрватскиот новинар Дражен Пиневиќ, па откри многу детали за „Јутарњи лист“ и „Спортске новости“.
Како успеваш да издржиш толку години на највисоко ниво? Ракометот е сè побрутален спорт.
„Работам добро, тренирам, го работам она што го сакам. Тоа е мојот живот и затоа ми е лесно. Практично, се посветив на фитнесот, бидејќи годините се години што и да мисли некој. Нема да кажам дека не ги чувствувам затоа што тоа би било лага. Тренирам ракомет четири пати неделно. Здрав сум, не заостанувам физички. Имам мир околу мене, професионалец сум во секој поглед“, откри нашиот ракометар.
Лазаров призна и дека има намера по играчката кариера да продолжи како тренер.
Дефинитивно го решив тоа. Вложувам многу во моето образование. Наскоро ќе добијам мастер лиценца за главен тренер по А лиценцата преку ЕХФ на тема „Анализа на натпреварите на Шпанија во финалето на Европското првенство 2020 година во Стокхолм”. Мислам дека по примерот од Жорди Рибера може многу да се научи. Сè оди по својот тек, не се наметнувам никому и не ми се брза. Знам што зборувам и што правам и важно е да изберам вистински момент за тоа. Шанси секогаш има, мислам дека тоа можам да го работам уште утре, но тоа не е суштината на тренерската работа“, вели Лазаров.