Лазаров: Не смее да нè залаже поразот на Турција!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските ракометари ги почнаа квалификациите за Европското првенство (ЕП) со победа од 38-24 против Луксембург, додека нашиот следен ривал, Турција беше поразена од Португалија со 27-44.

Ракометарите на селекторот Кире Лазаров се надеваат на втора победа во квалификациите, но легендарниот ракометар кажа дека треба да бидеме внимателни за дуелот со Турците.

„Пред нас е тежок натпревар на гостински терен. Турција е посериозна репрезентација од Луксембург. Поразот од Португалија не менува ништо и тоа не треба да нè залаже. На Турците им недостигаа ракометари кои ќе играат в недела. Очекувам квалитетен меч“, кажа Лазаров.

Македонија игра против Турција в недела од 16.00 часот.