Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонските ракометари загубија двапати од Португалија во квалификациите за Европското првенство, а следни предизвици за репрезентацијата се дуелите со Луксембург и Турција.
Македонија ќе влезе во натпреварите како фаворит, а пред борбата на теренот, селекторот Кире Лазаров објасни зошто во репрезентацијата повторно го нема искусниот ракометар Дејан Манасков.
„Со Манасков имав непријатно искуство пред Мундијалот. Поради тоа, решив да им дадам шанса на помладите ракометари на таа позиција. Во овој тим, дури 90 отсто од ракометарите доаѓаат од македонската лига и задоволен сум од нив. Ги познавам сите и се надевам дека сериозно ќе го сфатат предизвикот кој ни следи. Имаме улога на фаворити во следните два меча, но мора да бидеме претпазливи“, кажа Лазаров.