Лазаров: Одигравме квалитетен меч со голема борба и желба за победа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија ја совлада Швајцарија со 29-27 за прва победа на Европското првенство (ЕП) во Германија, а селекторот Кире Лазаров беше задоволен од настапот на неговите избраници.

Лазаров кажа дека го заслужиле триумфот затоа што ги корегирале грешките од натпреварите со Франција и Германија.

„Им честитам на ракометарите за одличната борба. Одигравме квалитетен меч со голема борба и желба за победа. Кога посакувате триумф, ништо друго не е важно. Швајцарија на ова првенство покажа дека е квалитетна. Оваа победа ќе ни донесе и полесен противник во баражот за пласман на Светското првенство“, кажа Лазаров.