Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот ракометар Кире Лазаров одигра одличен натпревар за Нант, кој славеше со 35-26 против Шамбери во шестото коло од француската Лидл Суперлига.
Нант играше фантастично во нападот, како и во одбраната, па без многу потешкотии се избори за водство од 20-10 во првото полувреме.
Во второто полувреме Нант притисна дополнително кон голот на Шамбери, па ги постави конечните 35-26.
Лазаров беше одличен, како што кажавме и претходно, откако постигна пет погодоци за неговиот тим.