Лазаров по двата теста со Романија: Задоволен сум од желбата и ангажманот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација ги загуби двата пријателски натпревари против Романија во рамки на ЕХФ-неделата.

Македонија настапи со комбиниран состав и без неколкумина првотимци, а селекторот Кире Лазаров вели дека е задоволен од односот на ракометарите.

„Ја искористивме максимално ЕХФ-неделата да одиграме два пријателски натпревари со Романија на гостински терен која исто така се подготвува за бараж натпреварот против Чешка во мај. Во недостаток на повеќе од половина стандарден тим, од оправдани причини, шанса дадовме на нови играчи кои се дебитанти или имаат лимитирана улога во националниот тим во нормална ситуација. Вакви натпревари се од голема важност да се види на кого може да се смета во ваков тип на тешки натпревари поготово на гостински терен. Се надевам дека за баражот во мај ќе се комплетираме и ќе се подготвиме да одиграме квалитетен бараж натпревар бидејќи нè очекува сериозен противник за пласман на Светското првенство. Задоволен сум од желбата, ангажманот и односот на овие два натпревари од целиот тим“, кажа Лазаров.