Лазаров по победата против Кувајт: Нема простор за еуфорија, треба да бидеме цврсто на земја!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација славеше со 31-21 против Кувајт во првиот контролен натпревар пред Европското првенство (ЕП) кое се игра следниот месец.

Селекторот на Македонија, Кире Лазаров кажа дека резултатот не му е важен, туку пристапот кон натпреварот и смета дека нема простор за еуфорија во моментов затоа што ги чека тежок предизвик во јануари.

„Среќен сум не затоа што победивме со 10 гола разлика, туку затоа што пред натпреварот им укажав на момците дека стартуваме без девет стандардни репрезентативци и успеав да ги уверам дека без разлика на тоа, ако се сака – се може. Тоа што го договаравме, тоа го спроведовме на самиот терен, мислам дека за нашите играчи ова ќе биде поттик за она што ни преостанува во следниот период, да работиме уште понапорно, да пробаме да ги задржиме добрите работи, а тука се и слабите работи во кои треба да се поправиме и да напредуваме. Не може да ме понесе никаква еуфорија, треба да бидеме цврсто на земја, знаеме што е пред нас, не можеме да го споредиме Кувајт со Словенија, Црна Гора и Данска“, кажа Лазаров.