Лазаров: Почнуваме со „нова“ Македонија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров повика 21 ракометар со кои ќе се соочи против Луксембург и Турција во текот на следната недела.

Македонија остана без Филип Миркуловски, Столе Стоилов, но и без Лазаров како ракометар, па сега е време младите играчи да преземат одговорност.

„Ситуацијата во репрезентацијата ќе видиме допрва каква е. Ова е нова репрезентација на Македонија. Тука сме без Миркуловски, Стоилов, Лазаров, ова е подмладена селекција со неколку искусни играчи“, вели Лазаров.