Лазаров: Подготвени сме за Данска, ја имам целосната слика…


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Македонските ракометари се подготвуваат за натпреварите од квалификациите за Европското првенство, а следните два ги играат против Данска, па токму на нив како селектор ќе дебитира Кире Лазаров.

Селекторот на Македонија кажа дека ракометарите се подготвени за натпреварите против Данска кои се играат утре и в сабота.

„Ја имам комплетната слика на составот. Ова ми дава позитивна енергија затоа што успеав за кратко период да имам слатки маки. Ќе се потпрам на поискусните, но ќе има и некое изненадување, ќе видиме утре каква ќе биде ситуацијата“, кажа Лазаров.