Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот селектор и капитен Кире Лазаров кажа дека Швајцарија ќе биде тежок противник, иако се надева на нов триумф во квалификациите за Европското првенство (ЕП).
Македонија пред неколку дена ја совлада Финска, но многу потешко од што се очекуваше и така го завери пласманот на ЕП, но нашите ракометари сакаат нов триумф.
„Атмосферата во репрезентацијата е одлична, сите сакаме победа против Швајцарија. Свесни сме за нивниот квалитет, не е тоа репрезентацијата која ја победивме во октомври пред СП. Тие имаат многу промени во составот“, вели Лазаров.
Лазаров потврди дека на дуелот во недела против Швајцарија нема да може да смета на Дејан Манасков, кој се повреди, па на негово место ќе добие шанса друг ракометар.