Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската ракометна репрезентација вчера славеше со 28-23 против Луксембург во рамки на петтото коло од квалификациите за Европското првенство (ЕП).
Избраниците на селекторот Кире Лазаров ги оправдаа очекувањата на навивачите и сега им следи последниот меч против Турција в недела во Скопје.
„Не е лесно против никого во ракометот. Од Луксембург сме подобри, но не е лесно кога не играш дома. Очекував да биде потешко, но останавме фокусирани во текот на целиот меч. Среќен сум за победата и пласманот на Европското првенство. Се надевам дека в недела со полна сала ќе го прославиме пласманот на турнирот“, кажа Лазаров.