Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот селектор Кире Лазаров вечерва требаше да се збогува од репрезентацијата, но тоа не се случи, и покрај најавите.
Капитенот и селектор на репрезентацијата кажа дека на Светското првенство (СП) во Полска и Шведска најверојатно ќе биде на клупата во тренерка.
Македонија ќе игра на уште едно Светско првенство во ракомет, а Лазаров вели дека овој меч против Чешка не бил добар за да се збогува.
„Ако се збогував и јас, тоа ќе беше дополнителен притисок врз мене. Јас и претходно кажав дека сега не е време за збогување, има време… мислам дека трерба да спаднат емоциите, да прославиме, но 90 отсто ќе ме гледате во тренерка на Светско“, вели Лазаров.