Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот ракометар и селектор Кире Лазаров заедно со Нант славеше против Фуксе Берлин со 33-30 и така се пласираше во четвртфиналето на Европската лига.
Лазаров имаше одличен меч и уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите ракометари во светот, па со пет голови го наполни голот на германскиот ривал.
Македонскиот селектор заврши како втор стрелец за Нант бидејќи еден гол повеќе од него постигна Монар, додека кај Фуксе Берлин најефикасен беше Марсениќ.