Лазаров: Задоволен сум! Момците играа храбро, добрата одбрана ни помогна!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација направи огромно изненадување и го совлада светскиот шампион Данска со 33-29 во квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Новиот селектор Кире Лазаров беше пресреќен поради големиот триумф со кој Македонија практично се пласираше на ЕП.

„Голема благодарност до моите играчи и соиграчи, испочитуваа се што се договоривме. Благодарност и до мојот стручен тим кој помогна да се подготвиме максимално. Иако ова е предизвик за мене сепак не е лесно, позитивната енергија која ја чувстував помогна. Момците одиграа храбро, иако цел живот сум напаѓач овие четири дена инсистирав да играме одбрана. Им беше смешно затоа што јас им кажувам да играат добро во одбраната. Но, добриот резултат доаѓа од добрата одбрна. Победивме, но јас сум цврсто на земја. Сега да се наспиеме и да се одмориме за натпреварот со Данска на гости. Благодарност и до јавноста која веруваше во нас“, кажа селекторот Лазаров.