Лажниот Серхио Рамос на натпреварот на Барселона: Сите се во шок колку напаѓачот на третолигашот личи на легендарниот стопер


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Социјалните мрежи се преплавени откако на натпреварот Гвадалахара – Барселона излегоа фотографии со “лажниот Серхио Рамос”.

Се работи за напаѓачот на Гвадалахара, Борха Диаз, кој неверојатно личи на легендарниот стопер од репрезентацијата на Шпанија и Реал Мадрид, кој неодамна стана слободен играч откако му заврши договорот со Монтереј од Мексико.

Борха Диаз нереално потсетува на Серхио Рамос, и кога навивачите го видоа покрај малите екрани за време на натпреварот од Кралскиот куп со Барселона, стана интернет сензација.

Гвадалахара игра во третата лига на Шпанија и моментално се бори за опстанок, бидејќи има 17 бодови од 16 натпревари и се наоѓа на 17-то место, во зоната за испаѓање во четвртата лига.

Борха Диаз оваа сезона на 15 натпревари постигнал еден гол, а против Барселона не можеше ништо, но неговиот тим ја мачеше Барса, која дури во завршницата го скрши отпорот на ривалот со голови на Кристенсен во 76-тата и Рашфорд во 90-тата минута.

.