Лејкерси ги обвинуваат судиите за поразот – две спорни одлуки во последните 33 секунди (Видео)


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерси ги обвинуваат судиите за поразот од Минесота Тимбервулвс во четвртиот натпревар од серијата на првата рунда на НБА плејофот.

Лејкерси водеа речиси за време на целиот натпревар, имаа и +12 на крајот на третата четвртина, десет во средината на последниот квартал, но Волвс направија пресврт во “лудата” завршница и поведоа 3-1 во серијата.

Лука Дончиќ 33 секунди пред крајот на натпреварот, при водство на Минесота 114:113, беше во дуел со Џејден Мекдениелс кој го сопна.

Словенецот падна на подот, но судиите не сакаа да свират прекршок и Лука беше принуден да побара тајм-аут.

Лејкерси сметаат дека тука не завршиле лошите судиски одлуки. При истиот резултат, 10,1 секунда пред крајот на натпреварот, Леброн беше во дуел со најдобриот играч на Минесота Ентони Едвардс кој му ја изби топката и потоа беше доделена за Лејкерси.

.