Лејкерс повторно имаат „голема тројка“ (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс во трилерско завршување ја совладаа Минесота Тимбервулвс со погодок во последната секунда дело на Остин Ривс, новиот „голем“ играч на овој тим.

Вистина е дека Ривс и во претходните сезони знаеше да заблеска и да ја преземе улогата на лидер во отсуство на најголемите (читај Леброн Џејмс и Лука Дончиќ), меѓутоа, неговата кошаркарска зрелост доби целосна форма на почетокот на оваа сезона.

Почетокот на актуелната сезона за тимот од Калифорнија не беше идеален. Леброн Џејмс не беше спремен, брзо се повреди и Лука Дончиќ, па улогата на лидер падна на играчот кој обично од сенка чекаше шанса. Овој пат ја дочека и заблеска.

Од почетокот на сезоната, Ривс има монструозни бројки и се потврди како трет „голем“ играч на тимот покрај „Кралот“ и Дончиќ. Со право. Остварува просечно 35,8 поени во првите пет натпревари со процент на успешност во шутот над 50%.

Бекот од Арканзас во 2023 година потпиша четиригодишен договор вреден „само“ 53 милиони долари. Ако вака продолжи, Лејкерс ќе мора да подготват нов, засилен договор во крајот на оваа сезона, со оглед на тоа што Ривс има опција да излезе од договорот, а понудите сигурно ќе бидат и подобри од оваа која е 14 милиони долари годишно.

.