„Ле Паризиен“: Мбапе се сели во Реал Мадрид


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе решил да го засили Реал Мадрид идното лето, објави „Ле Паризиен“.

Мбапе наводно донел конечна одлука и ќе облече „кралскиот дрес“, откако веќе неколку пати одби да се пресели во Реал Мадрид.

Одличниот напаѓач игра за „кралевите“ од 2018 година, а досега настапи на 288 натпревари, при што постигна 241 гол и 105 асистенции.

„Ќе даде сè од себе да освои повеќе титули со ПСЖ и да се збогува со клубот на убав начин“, објави францускиот медиум.

Мбапе наводно ќе добие плата од 15 милиони евра годишно, но ќе има дури 60 отсто од авторските права, а тоа е преседан зашто никој досега не добил такво нешто.