Леао го носи Милан на чекор до Скудетото (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Уште три кола има до крајот на Серија А, а на Милан му се потребни уште седум бодови за титулата во Серија А, доколку Интер слави на сите нивни средби.

Милан славеше на домашен терен против Фиорентина со 1-0, откако во завршницата од дуелот Рафаел Леао ја искористи својата шанса по грешката на одбраната на гостите.

Фиорентина беше подобар тим во првото полувреме, додека во вториот дел Ибрахимовиќ влезе на местото на Жиру и не се променија многу работи, но сепак во 81. минута Леао ги израдува навивачите.

Милан во моментов има пет бодови повеќе од Интер, кој има одиграно еден меч помалку од градскиот ривал, па ги чека тешка битка до крајот за Скудетото.