Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Лос Анџелес Лејкерс повторно е во големото финале, каде што изброи место по победата против Денвер нагетс од 117-107.
Денвер беше добар во текот на целата финална серија на Западот, но едноставно Лејкерс беа подобар ривал и заслужено изборија пласман понатаму.
Леброн Џејмс беше неверојатен и стигна до нов трипл-дабл со 38 поени , 16 скокови и 10 асистенции, додека кај Нагетс најдобар беше Никола Јокиќ со 20 поени и седум скокови.
Лејкерс во финалето на НБА-лигата го чекаат подобриот од дуелот меѓу Мајами хит и Бостон селтикс, а таму води со 3-2 тимот од Флорида.