Леброн Џејмс ги кажа плановите по пензионирањето – сака НБА-тим во Лас Вегас!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот американски кошаркар Леброн Џејмс сака да биде сопственик на НБА-тим во Лас Вегас, откако ќе ја заврши професионалната кариерата.

Ова не е првпат Џејмс да се поврзува со тим во Лас Вегас, но сепак не може да има акции во било кој тим од НБА-лигата додека не се пензионира.

„Би сакал да донесам тим во брзо време. Адам најверојатно го гледа секое интервју на кошаркарите. Адам, сакам да донесам нов тим тука. Ти благодарам“, кажа Леброн.