Леброн Џејмс призна: Се чувствувам изморено, сè ме боли!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најдобрите кошаркари во историјата Леброн Џејмс сезонава ќе се обиде да ја одбрани титулата со Лос Анџелес Лејкерс. Актуелниот шампион е фаворит за нов шампионски прстен, а Леброн се очекува да го предводи тимот.

Леброн призна дека не очекувал толку брзо да се вратат на паркетот и да почнат со натпреварите, но тоа беше предизвикано поради ковид-19 и големите загуби.

„Искрено не очекував новата сезона да започне толку брзо. Се очекуваше дека тоа ќе биде на средината на јануари и ќе имаме прилика за Божиќ да бидеме со семејството. Чувствувам ужасни болки во телото. Само што почнавме со тренинзи, но оваа болка е со мене низ целата кариера. Не беше тоа случај само во првата или втората година“, кажа Леброн.

Џејмс во кариерата одигра 1265 натпревари и само еднаш започна од клупата, во 2007. година кога во дресот на Кливленд се враќаше од повреда.