Леброн: Кога постигнував по 30 поени – губевме, па морав да зголемам на 40!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американскиот кошаркар Леброн Џејмс го прослави неговиот 38. роденден со победа против Атланта, а притоа постигна 47 поени.

Џејмс оваа сезона игра на високо ниво, но Лејкер и покрај тоа нема најдобри резултати, па Американецот по мечот со Атланта даде урнебесна изјава.

„Постигнував по 30 поени и губевме, па сега се обидов да зголемам на 40. Тоа е чиста математика“, кажа Леброн.