Леброн си купи вила од 37 милиони долари со прекрасен поглед кон Лос Анџелес


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Леброн Џејмс стана сопственик на вила, која се наоѓа во елитниот дел на Лос Анџелес и вреди неверојатни 37 милиони долари.

„Лос Анџелес Тајмс“ пишува дека Леброн стана сопственик на вилата, која претходно ја имала легендарната водителка Ли Филип Бел, која почина во февруари.

Зад неа остана вилата која самата ја уредила во медитерански стил, а која изгледа навистина неверојатно.

Самата вила има 9.100 квадратни метри, а на имотот се и две дополнителни куќи за гостите. Во вилата има кино, базен, тениски терен, патека за возење мотор, фонтана и еден од најдобрите погледи кон Лос Анџелес.