Леброн Џејмс по трет пат во Кливленд?!


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


Леброн Џејмс со Лос Анџелес Лејкерс испадна од НБА плејофот, Кливленд Кавалирс испаднаа од плејофот, иако важеа за фаворити пред почетокот на серијата со Индијана…

За тоа на „Фокс спортс“ зборуваа новинарите Џејсон Смит и Мајк Хармон.

Што се однесува до Леброн… Што му остана?! Може да одигра уште една сезона, па да се врати дома. Направи се што можеше во Лејкерсите за да се дистанцира од другите”, изјави Мајк Хармон.

Леброн Џејмс влезе во НБА во 2003 година како прв пик на драфтот – го избраа Кавалирс. Во тимот од неговиот роден Охајо остана до 2010 година, кога со фамозната “Одлука” ги разочара своите фанови и премина во Мајами Хит.

Сепак, Леброн имаше и искупување – се врати во Кавалирс во 2014 година, а две години подоцна им донесе прва титула во историјата на франшизата. Дали е време за второ враќање и трет престој во Кавалирс?

Вратите се отворени за Леброн да ја заврши кариерата во Кливленд. Може да заврши точно како што сака и да освои уште една титула. Тој е малку отуѓен во Лејкерс, тоа сега е тимот на Лука Дончиќ”, изјави Џејсон Смит во оваа емисија.

Фотографија: Grok AI