Легенда има совет за Мбапе: Следи си ги соништата, зашто ќе жалиш цел живот…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот француски репрезентативец Жан-Пјер Папин вели дека Килијан Мбапе треба да си ги следи соништата.

Мбапе на лето ќе стане слободен играч, а засега не е познато дали ќе остане во клубот или ќе си замине од ПСЖ.

Младата ѕвезда на ПСЖ и француската репрезентација треба допрва да донесе одлука за својата иднина, а Папин испрати совет.

„Ако сакаш да одиш во Реал, тогаш исполни си го сонот. Никогаш не треба да одиш против него, туку мора да се борите за да си го остварите. Така му кажав и на татко му минатата недела. Ако го сака тоа, тогаш нека го направи затоа што ќе жали цел живот“, вели Папин.