Легенда на Челси го испофали Гвардиол: Тој е како Ролс-Ројс!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол има само 20 години, но е главен во одбраната на Хрватска и има одлични настапи на Мундијалот во Катар.

Гвардиол е желба на голем број тимови од Европа, а најмногу се поврзува со трансфер во Челси кој ќе се обиде да го договори за следното лето.

Хрватот доби пофали и од легендарниот фудбалер на Челси, Пет Невин.

„Задоволство е да се гледа Гвардиол на теренот. Тој е како Ролс-Ројс. Тоа момче е неверојатно, а најдобро се забележа во четвртфиналето против Бразил. Ришарлисон е неверојатен, но немаше шанси покрај Гвардиол“, кажа Невин.