Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Протестите на навивачите на Евертон конечно дадоа резултат бидејќи управата го промени мислењето и реши да ангажира нов тренер, а изборот паднал на легендата на Челси, Франк Лампард.
Поранешниот англиски репрезентативец треба да го замени Рафа Бенитез на кормилото на Евертон, кој имаше ужасна полусезона и се наоѓа блиску до зоната за испаѓање од Премиерлигата.
Лампард ја почна тренерската кариера во Дерби каунти во 2018 година, по што се пресели во Челси, каде што не се прослави и имаше лоши резултати.
Евертон сезонава има големи проблеми и ако не се променат работите во најбрз можен рок, тогаш им следи борба за опстанок во најсилната европска лига. „Карамелите“ во моментов имаат 19 бода и се наоѓаат на 16. позиција, додека Њукасл кој е во зоната за испаѓање има четири бода помалку од нив.