Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешната сопруга на Патрис Евра, легендата на Манчестер јунајтед, доживеала шок кога дознала дека сопругот ја изневерувал со друга жена. Меѓутоа, вистинскиот удар бил кога дознала дека францускиот играч има љубовница и две деца.
Сандра на новинарите им раскажала дека Евра во Лас Вегас ја запознал докторката Габриела Бирли пред неколку години. Набрзо тие почнале љубовна врска, иако Французинот бил во брак со Сандра со која има две деца.
Евра ја продолжил врската со Габриела и кога се вратил во Англија. А минатата недела Сандра откри дека се подготвува за разделба по 25 години заеднички живот со фудбалерот.
Французинот го напуштил семејниот дом во Париз во јануари за да работи за „Скај Спортс“, а сега живее со неговата девојка.