Легенда на Манчестер јунајтед: Кој е тој Рангник?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Германскиот тренер Ралф Рангник ќе го предводи Манчестер јунајтед до крајот на сезоната, по што ќе остане како советник во клубот и ќе соработува со идниот стратег на тимот.

Иако зад себе има одлични резултати на клупата на Лајпциг и Хофенхајм, легендарниот Патрис Евра не е оптимист.

„Јунајтед има своја ДНК, начин на кој игра и сега ќе дојде некој човек и ќе каже не играме така. Манчестер јунајтед со неговиот начин играше многу години и сега некој сака да го промени тоа. Лут сум поради тоа. Кој е Рангник? Дали тој воопшто е тренер? Освоил ли нешто? Мислам дека требаше да биде во академијата“, вели Французинот.

На крајот, сепак, кажа дека го поддржува секој кој ќе го предводи Јунајтед, па така и Рангник, но смета дека треба да се почитува историјата.