Легенда на Ренџерс го избра Миовски во тимот на сезоната


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски игра одлична сезона во дресот на Абердин и ги импресионираше сите, па според легендарниот Крис Бојд тој заслужил место во тимот на сезоната.

Бојд го избра Миовски во најдобриот тим за полусезоната, но смета дека таму треба да се најде и на крајот на сезоната.

Миовски во моментов е на третата позиција на листата со стрелци со девет голови, додека Абердин се наоѓа на осмото место во шкотскиот шампионат.