Легенда на Серија А ја отвори душата: „Смртта на синот ми го уништи животот засекогаш“


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот фудбалер Диего Фузер, кој за време на својата кариера играше за големи клубови како што се Торино, Милан, Фјорентина, Лацио, Парма и Рома, отворено зборуваше за трагичната загуба на неговиот син, Матео, кој почина во 2015 година на 16-годишна возраст, по долга болест.

Во емотивно интервју за „Газета“, Фузер призна дека загубата на синот трајно му го промени животот.

– Тоа ми го промени животот, го уништи засекогаш. Тоа е нешто што остава длабоки лузни, тешко е да се објасни. Се обидуваш да прифатиш, но бараш одговори кои не постојат. Мислам дека нема болка поголема од загубата на дете. Ништо не е исто откако замина. Но, од друга страна, неговиот пример ми дава многу сила, живееме за него секој ден – рече Фузер за трагедијата која го погоди.