Легенда на светскиот фудбал откри дека има рак


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Една од најголемите легенди на светскиот фудбал и човек чиј име е засекогаш поврзано со Ливерпул, Сер Кени Далглиш, соопшти дека се бори со рак и дека моментално е на терапии.

Познатиот Шкот случајно ја објави информацијата за својата здравствена состојба на социјалните мрежи. Далглиш тогаш одлучи лично да се обрати на јавноста и да го потврди она што првично сакаше да го задржи во кругот на своите најблиски.

Во пораката што ја објави, не го изгуби препознатливиот смисол за хумор:

Како што мојата ненамерна објава на социјалните мрежи сугерираше, моментално сум на третман за рак. За разлика од моето покорисување на мобилниот телефон, третманот оди многу добро“.