Легендарен боксер ја загуби најважната борба во животот и тоа од Ковид-19


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Италија е најпогодена европска држава од коронавирусот, кој вчера го одзема животот и на италијанската легенда Ангело Ротоли.

Поранешниот европски шампион и предизвикувач за појас во ВБЦ-категорија почина на 61-годишна возраст, откако ја загуби битката со Ковид-19.

Ротоли живееше во Бергамо, град во кој ситуацијата со вирусот е најалармантна. Кариерата ја почна во 1977 година, а во декември 1981 година стана професионалец и во период од две години стана и италијанск и шампион.

Беше шампион во Европа во крузер категорија, а кариерата ја заврши во 1990 година со просек од 30 победи, три порази и две ремиња.

Инаку, две недели претходно починаа и мајката и братот на Ротоли и тоа од коронавирус.