Легендарниот Чиро Блажевиќ: Не ми е до фудбал, ми доаѓа крајот!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Легендарниот Мирослав Чиро Блажевиќ ги поминува најтешките денови од животот бидејќи има рак на простата и свесен е за болеста со која се бори.

Српските новинари го контактирале Чиро да ги открие своите очекувања за Светското првенство (СП) во Катар, но Чиро не мисли на фудбал во моментов.

„Сине, полошо ми е од порано. Одам кон крајот, не можам да лажам. Не сум добар. Не ми е до фудбал“, им кажал Чиро на новинарите.

Поранешниот тренер на почетокот на септември откри дека болеста му се вратила и сега е максимално посветен на животната битка, додека првпат рак му беше откриен во 2011 година.