Легендарниот голман на Валенсија: Никој не сака играч како Винисиус


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Винисиус Жуниор е исклучителен фудбалер, но и личност која ја дели јавноста на оние кои го сакаат и на оние кои имаат сосема спротивен став кон него.

Во Шпанија одамна владее мислење дека го сакаат речиси исклучиво навивачите на Реал Мадрид, но како што минуваат годините, а Бразилецот не го менува своето однесување, сè повеќе и од мадридистите јавно му упатуваат критики.

Еден од нив е Сантјаго Кањизарес, роден мадридчанец, дете на Реал и некогашен голман на првиот тим, кој беше дел од прочуената генерација која во 1998 година во Амстердам ја освои Лигата на шампиони победувајќи го Јувентус.

“Ова лето се водеше расправа за неговиот статус. Му остана уште една година од договорот – да го продадат или не? Мора да се размисли што им носи на теренот, а што им одзема. Знаете во што беше проблемот? Никој не го сака”, започна Кањизарес гостувајќи на популарната радиостаница Кадена КОПЕ.