Легендарниот Мајкл Џордан го испофали маестралниот Дончиќ


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Ѕвездата на Далас маверикс, Лука Дончиќ игра фантастично сезонава, па покажа дека ќе биде еден од најголемите кошаркари во НБА-лигата во иднина.

Легендарниот Мајкл Џордан реши да го пофали младиот Словенец, кој се врати на кошаркарскиот паркет во победата на Далас маверикс против Сан Антонио спарс и притоа постигна 24 поени, 10 скокови и осум асистенции.

„Лука е феноменален кошаркар и многу млад, па ќе биде уживање да се следи неговиот развој во НБА-лигата“, порача Џордан.

Во текот на сезоната Дончиќ во просек постигнува 29 поени, 9,6 скокови и 8,8 асистенции по натпревар, што е навистина одлично за млад кошаркар, а ако продолжи вака можеби ќе се бори и за наградата за МВП.