Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот бразилски фудбалер Пеле беше опериран во саботата, а операцијата мина успешно. На него му беше отстранет тумор од дебелото црево, па сега 80-годишниот Бразилец е на рехабилитација.
Во претходните денови се појави информација дека Пеле се онесвестил и поради тоа завршил во болница, но сега се откриваат повеќе детали за случајот.
„Сакам на сите да им се заблагодарам за поддршката. Му се заблагодарувам на Бог и на докторите кои се грижат за моето здравје. Туморот му беше лоциран на дебелото црево. Туморот беше откриен со тестови минатата недела. И во овој меч ќе влезам со насмевка на лицето, како и оптимизам и радост поради тоа што сум опкружен со семејството и пријателите“, напиша Пеле.