Легендарниот Роналдо наброи пет играчи кои не ја добиле, а ја заслужиле Златната топка


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Две легенди на светскиот фудбал чии имиња со златни букви ќе бидат запишани во историјата на фудбалот, Роналдо и Дел Пјеро разговараа преку социјалната мрежа Инстаграм.

Во опширниот разговор една од темите беше и Златната топка. Бразилскиот ас кој со успех настапуваше во неколку европски гиганти посочи пет играчи кои неоправдано останале без Златната топка.

„Алсеандро, заслужи да ја освоиш Златната топка, баш како што заслужија Тоти, Малдини, Раул и Роберто Карлос, а никогаш не успеаја во тоа. Карлос два пати беше втор зад мене, но никогаш не ја доби наградата. Секогаш ве ценеле, но имам чувство дека требаше да го добиете тоа признание, -изјави Роналдо кој два пати ја освои Златната топка, во 1997 и во 2002 година.