Легендарниот стопер на Манчестер јунајтед се јави по отказот на Фергусон

Поради намалување на клупските трошоци, сер Џим Ретклиф одлучи да го отпушти сер Алекс Фергусон. 

Најголемиот тренер во историјата на англискиот фудбал и дефинитивно во историјата на Манчестер Јунајтед имаше приходи од над 2.000.000 фунти годишно како глобален амбасадор, што е договор што го имаше подолго од една деценија. 

Сер Џим Ретклиф се сретна лице в лице со сер Алекс каде што му ги објасни причините за ваквиот потег, а овој детал би можел да влијае и на други во клубот. 

Се јави Рио Фердинанд, уште една легенда на клубот. 

„Ако сер Алекс може да си замине од клубот, тогаш никој не е сигурен во Манчестер Јунајтед. Секој може да добие отказ. ИНЕОС испраќа порака до сите во клубот“, напиша Рио Фердинанд, легендарниот стопер на клубот. 

.